Фејсбук шпиунира од 2010 година

Изложени на шпиунирање?

 |  инфодеск  | 

Спрема тврдењата на извештаите кои протекоа а се надоврзуваат на приказните од Едвард Сноуден, NSA маскирајќи се во серверите на Фејсбук успеала да шпиунира, прати и собира податоци на десетици илјади корисници од таа социјална мрежа.

“The Intercept”, кој го основал екс новинарот на Guardian, Глен Гринвалд, тврди дека NSA користела malware познат под името “TURBINE” за шпиунирање на корисниците на најголемата социјална мрежа.

Споменатиот софтвер е дел од многу поголемата акција која била под името “Owning the net”,  а постојат сомнежи дека заразила околу 100.000 компјутери ширум светот. NSA ги собирала податоците преку “quantumhand” malware, кој ги маскирал лажните сервери и на компјутерот кој се пријавува на Фејсбук му праќал податоци како да е во прашање правата Фејсбук мрежа. На тој начин упаѓал во нив и имал пристап до сите податоци.

Акцијата на шпиунирање на Фејсбук траела од 2010 година, а во изјавата за Mashable претставникот на Фејсбук рекол дека мрежата нема никакви податоци за тоа дека се случува напад и дека ситуацијата е под контрола.

“Фејсбук минатата година (2013) го заврши процесот на интеграција за пренос на сообраќај преку HTTPS стандардите и ако владините агенции навистина имале привилегија да пристапат на интернет сервис провајдерите, тогаш во иста положба би била и секоја друга интернет страница која го користи HTTP стандардот”, се заклучува во изјавата од Фејсбук.

Фејсбук доста долго се мачи да докаже дека неговите корисници и нивните услуги се сигурни и безбедни, и дека приватноста не е загрозена. Овој случај секако уште повеќе ќе им ја отежне оваа работа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top