Facebook купува уште една голема компанија

Виртуелната реалност станува вистинска реалност

 |  инфодеск  | 

По купувањето на 19 милијарди долари тешката „WhatsApp”, Facebook објавил дека ќе потроши уште 2 милијарди долари, како би ја купил и, само две години старата компанија, Oculus, која произведува очила за виртуелни игри.

Аналитичарите истакнуваат дека купувањето на Oculus претставува голем чекор кој Facebook го превзема во очекување на идните технолошки промени, во време кога потрошувачите се повеќе, наместо персонални компјутери се вртат кон паметните телефони. Многумина во индустријата веруваат дека преносните уреди претставуваат следна голема платформа на која ќе почива технолошкиот развој.

Во Facebook истакнуваат дека технологијата на виртуелната стварност би можела да биде идната социјална и комуникациска платформа. Историјата на нашата индустрија покажува дека секои 10-15 години се појавува нова значајна компјутерска платформа, како PC, web, или сега паметните телефони. Со овој потез долгорочно одиме на тоа дека кацигата за виртуелната стварност ќе стане и виртуелна и вистинска реалност во еден дел од животот на луѓето, истакнал основачот на Facebook Mark Zuckerberg, напоменувајќи дека носењето на очилата на Oculus било поинакво од се досега што пробал. Тој уште додал дека Facebook не планира да стане хардверска компанија, ниту да прави профит од продажба на уреди на долг рок.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top