Неименуван француски државјанин е фатен на полско-украинската граница бидејќи превезувал стотици килограми експлозив, детонатори, три фрлачи на гранати и неколку калашникови. Намерата му била сето тоа да го прокриумчари во Франција, па од тие причини се сомневаат дека оружјето би требало да биде употребено за време на скорешното Европско првенство во фудбал, пренесува станицата М6.
Мажот (25) е фатен уште на 21 мај, меѓутоа тој податок сега дојде до јавноста бидејќи граничната служба веднаш го предала во рацете на украинската тајна полиција.
Порталот 20minutes.fr во меѓувреме дошол до информации дека мажот од порано бил познат за француската полиција, а со претресот на неговата куќа се пронајдени маички со симболи на крајната десница.
Француските власти последните денови повторно беа предупредени од американските и германските разузнувачки служби дека постои можност од терористички напади за време на Еуро2016.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град