Екс претставникот за продажба на британската фармацевстка компанија ,GlaxoSmithKline, на истражните органи им изјавил дека докторите биле подмитувани за да го препишуваат лекот за астма од Glaxo.
Британската компанија GlaxoSmithKline е под истрага поради наводно подмитување на доктори во Полска, пишува BBC.
Обвинет е регионалниот менаџер и единаесет доктори, а сомнежот е дека во корупцијата биле замешани во периодот од 2010 до 2012 година.
Екс претставникот на GlaxoSmithKline им рекол на истражните органи дека докторите се корумпирани за да го препишуваат лекот за астма Seretide. Од фармацевстката компанија потврдиле дека еден од нивните вработени соработува во истрагата.
Локалниот државен обвинител пронашол документирани докази дека лекарите примале мито во повеќе од 10 медицински центри во полскиот регион Лоѓ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град