Фалсификувани новите банкноти од 10 евра

Дополнителната заштита имаше за цел оневозможување на фалсификување на заедничката европска валута

 |  инфодеск  | 

“Прелиминарните проверки на банкнотата покажаa дека се со одличен квалитет и можат многу лесно да го измамат оној кој ги прима”, велат во италијанската полиција.

Италијанската полиција објави дека во близина на Неапол открила голема количина на фалсификувани банкноти од 10 евра изработени спрема новите апоени со додатна заштита чија цел беше токму оневозможување на фалсификување на заедничката европска валута.

“Ова е прва запленета количина на новата банкнота во Европа”, објави финансиската полиција Guardia di Finanza во соопштението. Неапол е познат како центар за фалсификување на пари.

Guardia di Finanza објави дека уапсила 39 годишен маж во неделата по потерата во североисточниот дел на предградието Casoria. Мажот со автомобил се забил во полицискиот автомобил кој му го блокирал патот и полицијата во него пронашла повеќе од 500.000 евра лажни банкноти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top