Facebook ја воведува долгоочекуваната опција “dislike” ?

Една од најбараните опции од корисниците

 |  инфодеск  | 

Mark Zuckerberg, основачот на моментално најпопуларната социјална мрежа, размислува за воведување на новата “dislike” опција. На конференција во Калифорнија тој рекол дека е тоа една од најбараните опции од корисниците.

Луѓето кои имаат профил на оваа социјална мрежа сакаат да изразат несогласување со некоја вест, фотографија, видео запис или статус.

“Една од работите за која многу размислуваме е – кој е правиот начин луѓето да изразат што повеќе емоции”, рекол Zuckerberg.

“Луѓето на Facebook често споделуваат и тажни моменти на својот живот па на многумина не им е пријатно да стават like бидејќи на таквите статуси не е примерно да се стави like”, објаснил Zuckerberg но истакнал и дека треба да се пронајде начин опцијата “dislike” да не постане начин на понижување на нечиј став или мислење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top