Mark Zuckerberg на состанокот во седиштето на компанијата изјави дека во следните месеци планираат да го воведат копчето “dislike” (не ми се допаѓа). Тој истакна дека оваа можност ќе ги поттикне корисниците да ги искажат своите емоции, додека досега имале само една опција.
“Корисниците со години ме прашуваат за воведување на копчето “dislike”. Денес е навистина посебен ден бидејќи конечно можеме да потврдиме дека работиме на тоа и дека наскоро ќе биде достапно”, изјавил Zuckerberg за време на прес конференцијата во Menlo Park, и додал дека “не е секој момент и добар момент. На пример, ако споделувате содржина како што е вест за бегалската криза или статус за смртта на некого, не е баш лагодно тоа да се допаѓа некому. Сметам дека на корисниците им е важно да имаат повеќе опции”.
Овој вид на оценување на содржините на социјалните мрежи веќе со години го има на некои други сервиси како што е YouTube па така овој потег се чини како логично решение.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град