Facebook воведе нови опции во својата мобилна апликација

Неколку нови функционалности за iOS и Android

 |  инфодеск  | 

Facebook  воведе неколку нови функционалности во својата мобилна апликација за iOS и Android, со што искуството со управување на фотографии го приближи со можностите на десктоп апликацијата.

Имено, мобилните корисници сега можат да го избираат саканиот редослед на фотографии при нивното поставување на Facebook. Откако ќе се одбере фотографијата има можност да се види и прегледа галеријата како ќе изгледа по објавувањето.

Корисниците исто така ќе можат да напишат краток опис на целата “фото-приказна” и да додадат текст на секоја поединечна фотографија, како и да ги распоредат по саканиот редослед, пишува во соопштението на компанијата.

Откако ќе се споделат фотографиите на Facebook, пријателите ќе можат да ги видат фотографиите во нов колажен распоред. Новите можности би требало веќе да се достапни за iOS и Android.

Иако суптилни, најавените опции уште еднаш покажуваат дека Facebook сѐ повеќе става нагласок на мобилното користење на оваа сцијална мрежа, што е важен дел од стратегијата на компанијата.

Да се потсетиме, повеќе од една милијарда корисници на оваа мрежа пристапуваат со помош на мобилните телефони, покажале податоците од последниот финансиски извештај на компанијата. Приходите на Facebook од мобилното огласување во вториот квартал достигнале 62% од вкупните приходи од огласи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top