Најголемата и најпопуларна мрежа, Facebook, одлучи да воведе уште еден вид на известување кое нема на да им се допадне на некои корисници.
Новото известување ќе го предупреди корисникот дека неговиот профил е под можно надгледување на напаѓач кој работи во името на некоја држава или официјален орган.
Alex Stamos, шефот за безбедност во компанијата Facebook изјавил дека секогаш превземаат одредени мерки за заштита на корисниците за кои се сомневале дека на некој начин се загрозени, а сега таа грижа ја подигнале на повисоко ниво, одлучувајќи да прикажат ново известување доколку имаат силни индикации дека “нападот” е спонзориран од државни власти.
Тоа значи дека, ако корисниците воочат такво известување на својот профил, многу е веројатно дека компјутерот или смартфонот е заразен со некаков malware со чија помош непознатото лице или организација се обидува да пристапи на корисничкиот профил.
Со други зборови, ако го видите ова известување подолу на фотографијата, сфатете го сериозно, пишува Business Insider.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град