Од Facebook тврдат – телефонските броеви ќе заминат во историјата

“Користењето на телефонските броеви денес станува бесмислено”

 |  инфодеск  | 

Телефонските броеви наскоро ќе заминат во историјата и на луѓето нема да им се потребни бидејќи за комуникација ќе користат интернет апликации при што поголемиот број на телефонски броеви ќе ги замени Facebook Messenger. Така тврди David Marcus, кој во Facebook е задолжен за развој на Messenger, апликација за размена на пораки помеѓу корисниците на Facebook која има околу 800 милиони месечни корисници, а бројката во последните шест месеци се зголеми за околу 100 милиони. Во објавата на официјалниот блог, Marcus напишал дека денес мобилните апликации овозможуваат сѐ она што порано се овозможуваше по пат на класичен мобилен, но и повеќе од тоа, така што користењето на телефонските броеви денес станува бесмислено.

По пат на Facebook Messenger, освен праќање на пораки и гласовни повици, корисниците разменуваат фотографии и видео записи, а можно е и праќање на пари на пријателите – сето ова е без никаква потреба од телефонски број. Исто така, овозможени се и бројни други опции како што е опцијата за групен разговор, а за многу компании Messenger стана уште една алатка за корисниците, а Facebook минатата година на програмерите им овозможи развој на апликацијата за Messenger така што апликацијата на Zuckerberg која на почетокот беше наменета само за размена на пораки станува независна социјална платформа. Иако Marcus, секако, говори конкретно за апликацијата на Facebook како алатка која ќе ги замени телефонските броеви, истото може да се примени и на другите апликации како што се Viber или Skype на кои исто така можат да се обавуваат гласовни и видео повици, праќање пораки, фотографии, видеозаписи и слично.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top