Facebook одлучи да стави крај на една иритантна појава

Facebook ќе става крај на сензационалните наслови

 |  инфодеск  | 

Интернет медиумите секогаш бараат начин како да го зголемат бројот на лајкови на своите објави, но и како читателите да ги задржат подолго на својата страница. Токму затоа некои медиумски издавачи мислат дека е подобро за нив што повеќе луѓе да кликаат на нивната содржина, што е и логично кога се знае дека бројот на кликови е единствен услов за привлекување на огласувачи, а со тоа и пари.

Оваа бизнис логика доведе до тоа насловите на текстовите често да бидат сензационални иако тоа не се – во превод тоа значи собирање кликови (clickbait), а во ова посебно се истакнува Facebook.

Но, Facebook овој пат решил да стави крај на тоа. Од компанијата најавија дека отсега ќе се мери времето колку читателот поминува на текстот од објавата за потоа да се пресмета дали сличните текстови од некоја друга страница ќе бидат релевантни за крајните корисници.

Ова ќе биде мала револуција ако Facebook го спроведе во дело тоа што го најави и ќе биде начин за некој линк со релевантна содржина, а не со сензационален наслов да завземе повисока позиција во News Feed.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top