Facebook поголем од Кина

Огромен успех на Mark Zuckerberg

 |  инфодеск  | 

Facebook  ги објави финансиските резултати за последниот минатогодишен квартал кој ги развесели сите акционери и така најголемата социјална мрежа во светот ги надмина сите очекувања и предвидувања на берзанските аналитичари. Во споменатиот период отстварен е приход од 3,85 милијарди долари, што е зголемување од скоро 50% во однос на истиот период лани, додека за цела 2014 година отстварен е приход од 12,47 милијарди долари, што е 58% повеќе во однос на претходната година.

Освен заработката, многу важен податок е и бројот на корисници на оваа мрежа – спрема последните официјални податоци на Facebook има 1,35 милијарди корисници, а аналитичарите очекуваат дека оваа бројка ќе се зголеми на 1,38 милијарди. Facebook во овој сегмент ги надмина и тие очекувања па со своите сегашни 1,39 милијарди корисници стана, како што коментирале на Huffington post, поголем од Кина, односно кога Facebook би бил држава, би имал најмногу жители на светот.

Имено, спрема информациите на CIA, Кина има 1,36 милијарди жители, додека спрема официјалните страници на кинеската влада бројот на жители во Кина е нешто помалку од 1,38 милијарди. Споредбата со бројот на жители во Кина е прилично иронична бидејќи, кога станува збор за Кина, станува збор за земја каде Facebook е воглавно блокиран.

Имено, Mark Zuckerberg во последно време го форсира Internet.org  со кој сака да овозможи пристап на интернет во земјите на развој каде дел од жителите немаат воопшто пристап на интернет, но и во делот од земјите каде Facebook е блокиран и нема пристап до мрежата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top