Facebook на својата Messenger апликација ги вметна очекуваните ботови кои на разни компании ќе им овозможат на корисниците да им пружат автоматска поддршка, да им даваат совети за електронска трговија, содржината и многу други работи кои се важни а работата со која се занимаваат.
Ботовите се автоматизирани програми кои симулираат луѓе, односно нивната комуникација. Во случајот на Facebook Messenger треба во Бот продавницата да земете одреден бот, и на пример, некому да пратите цвеќе, да нарачате храна или такси. На ваша наредба ботот ќе го контактира ресторанот, ќе нарача и ќе ви ја проследи повратната информација кога нарачаната храна ќе пристигне или кога таксито ќе биде на вашата адреса.
Корисниците ќе можат да разговаараат со ботовите, а сето тоа благодарение на добро развиената вештачка интелегенција. Освен на пораки, ботовите, ќе одговараат и со фотографии, линкови и со копчиња”call to action” што на корисниците ќе им овозможи резервација на ресторан, проверка на нарачки кои ги порачале на интернет, но и куппување на разни работи.
Ботовите за кратко време станаа важна работа, а компаниите можат на полесен и побрз начин да комуницираат со корисниците. Исто така, нудат персонализирани резултати во однос на тоа што корисникот бара. Така на пример, во Messenger може да се внесе сѐ што ве интересира за да можат ботовите да ја истражат базата на податоци и да ви понудат персонализирани резултати и да заштедат драгоцено време.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град