Facebook со нова опција Doodle и служи за цртање и пишување по фотографиите

Новата опција под името Doodle веќе е достапна за Android и iOS

 |  инфодеск  | 

 

Facebook апликацијата на корисниците веќе некое време им овозможува едитирање на фотографиите пред самата објава, но сега е додадена нова опција Doodle која овозможува цртање и пишување по фотографиите.

Откако корисниците ќе ја одберат фотографијата која сакаат да ја објават на оваа популарна мрежа, автоматски ќе се појави и опцијата за едитирање.

Doodle се наоѓа во долниот десен агол, а корисникот може да избере боја и големина на виртуелната четка.

Оваа функција веројатно нема да се користи секојдневно, но се подразбира дека е добар и интересен додаток на одличната апликација на Facebook за паметните телефони.

Doodle е бесплатен за превземање на сите Android и iOS корисници.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top