Facebook покрај “лајк” воведе пет нови реакции

Новите пет реакции со кои ќе се оценува некоја објава се love, Haha, Wow, Sad и Angry

 |  инфодеск  | 

Facebook денес воведе нови таканаречени реакции, односно нови емотикони кои на корисниците им даваат повеќе можности за оценување на некоја објава.

Покрај досегашниот “like”, корисниците имаат можност да изберат помеѓу пет други емоции кои се наречени Love, Haha, Wow, Sad и Angry. Значи, корисниците од сега наместо едноставното “like” ќе можат да изразуваат и негативни емоции, како што се лутина или тага.

Кога курсорот од глувчето ќе го ставите на копчето за “like” ќе се појават сите други копчиња за емоции кои можете да ги одберете.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top