Facebook константно воведува нови функции

Следната недела пристигнува Facebook Notify

 |  инфодеск  | 

За намерата Facebook да му конкурира на Twitter таму каде е во дефанзива се шпекулира веќе подолго време. Откако Twitter го лансира додатокот наречен Moments со кој главната намена е следење и пренесување на најрелевантни вести од најпознатите портали, беше прашање на време кога и Facebook ќе се одлучи на сличен потег. Првичните најави беа дека апликацијата за следење на вести ќе пристигне кон крајот на октомври, но тоа не се случи, а новите шпекулации се ширењето на Facebook, во јавност ќе се претстави следната недела.

Неколку специјализирани портали пренесоа дека апликацијата ќе се вика Facebook Notify. Нејзината намена ќе биде детектирање и пренесување на најактуелните вести од најпознатите портали и медиумски куќи од различни подрачја.

Facebook веќе имаше апликација Instant Articles која пренесуваше најважни вести од девет одбрани портали, но само на мобилната верзија. Новата Facebook Notify ќе биде достапна за сите платформи, а од компанијата не сакале да потврдат дека апликацијата во продукција ќе биде пуштена следната недела.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top