Facebook тргнува во борба против лажни и двојни профили

Facebook тестира нова алатка која предупредува за злоупореба на име и фотографии

 |  инфодеск  | 

Во борбата против онлајн насилието Facebook тестира нова алатка која ќе предупредува ако се појави нов профил кој го користи вашето име и фотографија.

Алатката почнале да ја тестираат уште во октомври и веќе е поставена на 75% од корисниците. Ова функционира така што сопственикот на оригиналниот профил ќе биде известен штом дупликатот ќе биде деактивиран, а тој потоа може да го означи тој профил. Инженерите на facebook потоа рачно ги прегледуваат тие двојни профили.

Иако ова можеби и не е толку проблем на Facebook, може да биде голем проблем за оние кои се жртви. Од Facebook рекле дека на округли маси добивале информации дека овој проблем е повеќе изразен кај жените, а особено чувствително е во некои земји каде лажирањето на профили може да има општествени последици.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top