Еврото и доларот скоро израмнети

Еврото на најниско ниво во последните 12 години

 |  инфодеск  | 

Еврото и доларот скоро се потполно изедначени (за 1 евро се добива 1,05 долари), а курсот на европската валута е најниско ниво во последните 12 години. До тоа дојде поради купувањето на државни обврзници од страна на Централната европска банка која се обидува со овој потег да го стимулира растот на стопанството во еврозоната.

Имено, мнозинството на европски компании се зависни од извозот на други пазари така што европската стока станува поевтина и поконкурентна ако е еврото послабо од доларот.

Печатењето на свежи пари од страна на Европската централна банка ја зголеми ликвидноста на финансиските пазари што пак предизвика пад на приносите на обврзниците на поедини членки на еврозоната.

Од друга страна, приносите на американските обврзници растат по неодамна објавените податоци за силниот раст на вработувањето во САД и мнозинството на инвеститори очекува дека Американската централна банка Fed веќе во Јуни ќе ги зголеми клучните каматни стапки.

Поради овие причини во минатите две недели курсот на еврото во однос на доларот падна повеќе од 6%, така што сега е на ниво кое многу аналитичари го очекуваа кон крајот на годината.

Следната недела во фокусот ќе биде седницата на челниците на  Fed по која би било многу појасно дали централната банка подготвува зголемување на каматите на половина од годината или овој потез ќе биде одложен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top