Франција денес соопшти дека сите манифестации на јавни места се забранети по нападите во Париз во кои загинаа 128 лица и 250 се ранети, а останатите европски земји одлучија да воведат построги мерки на безбедност.
Француската одлука се објаснува со фактот дека се мобилизирани силите за безбедност и притоа не можат да ги обезбедуваат различните колони и собирања, се вели во указот кој го потпишал полицискиот началник Michel Cadot.
Италијанскиот премиер Matteo Renzi ги осуди теористичките напади во Париз и најави додатни мерки на безбедност. “Како и сите Италијанци, сигурен сум дека теористите нема да победат, Дека слободата е посилна од варварството и дека храброста е посилна од стравот”, рекол Renzi во обраќањето по повод нападите во Париз.
Британската полиција ги зголеми мерките на безбедност на главните објекти и поголемите собири по нападите во Париз. “Во овој момент ја засилуваме присутноста во целата земја, а за тоа ќе разговараме на состанокот со премиерот и членовите на владата. Чиниме сè за заштита на луѓето и ќе ги обезбедиме сите поголеми собирања”, соопштено е од Scotland Yard. Претходно состанок најави и премиерот David Cameron на кој ќе се разговара за зголемување на безбедносните мерки.
Финска објави дека ги заострува граничните контроли во пристаништето во Хелсинки и во другите пристаништа е зголемена приправноста.
Полицијата во Берлин воведе мерки на засилена безбедност за заштита на француските згради во престолнината. “За време на ноќта ги прилагодивме нашите мерки за безбедност”, изјавила портпаролката на полицијата за AFP, не наведувајќи други детали.
Канцеларката Angela Merkel свика седница на германската влада и ветила дека ќе направи сè за да и се помогне на Франција во борбата со тероризмот.
Рускиот министер за сообраќај Maksim Sokolov изјавил дека неговото министерство исто така спроведува безбедносни мерки.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град