Европската комисија за заштита на пазарното натпреварувње е термин кој адвокатскиот тим на Google не сака воопшто да го слушне. Токму тоа регулаторно тело веќе со години е фокусирано на Google и нивното работење на територијата на Европската унија. Додека едни тврдат дека ЕУ има право да го надледува Google кој се претвори во мегаломанско чудовиште кое ја гази конкуренцијата, другите тврдат дека единствена цел на ЕУ е да исцеди што повеќе пари од Google, особено преку нагодувања.
Имено, комесарот на споменатата комисија, Margrethe Vestager, пратила јавна и недвосмислена порака дека се следи Google и неговата бизнис политика поврзана со Android. Проблемот кој го препознала ЕУ е поврзан со прединсталационите апликации кои мораат да бидат интегриран дел на секој уред без оглед кој производител е во прашање. Вистина е дека многу корисници на Android не сакаат да ги имаат некои од апликациите кои доаѓаат со Android, а поготово ги нервира фактот дека таквите апликации не можат да се деинсталираат од уредите. Токму тој дел е појдовна точка на новата потенцијална тужба од ЕУ кон Google.
Доколку се испостави дека овој начин на дистрибуција на уредите со Android значи кршење на правилата на натпреварување и некоректно однесување спрема конкуренцијата, ЕУ ќе отвори уште една правна битка со Google, а веќе никој не брои која тужба ќе биде по ред.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град