Откако Хрватска ги затвори граничните премини спрема Србија, Србија забрани увоз и минување на хрватска стока и камиони, на што Хрватска одлучи да забрани промет на сите возила со српска регистрација. Денес на терен ситуацијата е уште покомплицирана, а Европската комисија побара објаснување од хрватската влада за донесувањето на мерките.
Имено, хрватската гранична полиција на Бајаково и покрај контрамерките на Србија ги пропушта камионите со хрватска стока кон Србија, јавува N1. Од друга страна, српската полиција не им допушта да го поминат граничниот премин Батровци токму поради воведените контрамерки и ги враќа назад кон Хрватска. Меѓутоа, хрватската полиција не ги пушта камионите да се вратат назад па така тие остануваат на таканаречена “ничија земја”.
Засега, како што јавува репортерот на N1, таму се десетина камиони, но ако продолжи со горе наведената пракса може да се очекува колапс.
Како што пишува Vecernji list, Европската комисија бара од Хрватска објаснување околу одлуката на хрватската влада за затворање на граничниот премин Бајаково за камиони кои влегуваат од Србија и првите проценки на Комисијата се дека хрватските мерки навистина би можеле да значат кршење на договорот за стабилизација помеѓу Србија и ЕУ, но и кршење на правилата на царинската унија.
“Започнавме со проверка дали хрватските мерки се пропорционални, недискриминаторски и временски ограничени. Нашата првична оценка во склоп на тие проверки покажуваат сериозни нескладности со мерките за стабилизација, но и со царинската унија. Во овој момент Комисијата ќе побара објаснување од хрватските власти”, изјави портпаролката на Европската комисија Maja Kocijancic.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град