Врз основа на извештајот од Европската канцеларија за патенти (OEB), Швајцарија го држи првото место во 2013 по број на патенти во однос на број на жители. Таа имала 7966 пријави за заштита на интелектуална сопственост, односно, 831 на еден милион жители, додека на второто место е Шведска со 402 пријави на еден милион жители, пишува швајцарскиот весник ,20 minutes. Понатаму во извештајот пишува дека спрема бројот на вкупно пријавени патенти, Швајцарија е на третото место, зад Германија (32.022) и Франција (12.417).
На светско ниво Швајцарија е на седмото место. Лидерската позиција ја има САД (64.967), а следуваат Јапонија (52.437), Германија и Кина (32.022) и Франција (12.417).
Како и во 2012 година, меѓу Швајцарските компании најмногу пријави за патенти имал технолошкиот гигант ABB, а следуваат Nestle, Alstom Swiss, Rosh и Novartis.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град