Европската унија изјави дека ја разгледува идејата за тоа секој 18-годишник во Европа да добие InterRail билет за да може бесплатно да патува по континентот и подобро да го запознае.
“Комисијата цврсто ја поддржува идејата и тоа прашање треба да се разгледа”, рекла комесарот за сообраќај Виолета Булц, додавајќи дека таа идеја ќе биде поттик на младите да користат превозни средства со ниска емисија на штетни гасови.
InterRail билетот чини помеѓу 20 и 400 евра во зависност колку трае патувањето и кои земји се покриени.
Булц вели дека многу прашања се сеуште отворени кога се работи за доделување на бесплатни билети на младите, а меѓу нив е и договорот со различни железнички компании.
Околу 300.000 млади секоја година ги користат Interrail билетите за да патуваат низ Европа, изјавила Булц.
InterRail билетот е покренат во 1972 година и иницијално бил наменет за младите, но денес до него можат да дојдат сите.
Пратениците од левицата веќе го изнеле предлогот за доделување на бесплатни билети за младите, а германскиот конзервативен пратеник Манфред Вебер неодамна го повторил тој предлог.
“Европа не е само технократска политика”, рекол тој. “Таа е и спојување на луѓето. Мораме повторно да направиме младите да бидат ентузијасти кога се работи за Европа”.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град