Каде во ЕУ е најефтино да се купи стан?

Цените на недвижнините во ЕУ некаде растат, но некаде паѓаат

 |  инфодеск  | 

Цените на недвижнините, во вториот квартал оваа година во рамките на Европската унија, најмногу опаднале, на годишно ниво, во Словенија 9,8%.

Следуваат Италија со 4,8% и Романија со 3,8%, покажуваат податоците на Еуростат.

Истовремено, најголем пораст на цените на недвижнините е забележан во Естонија од 14,35%, Ирска 12,5% и Велика Британија 10,2%, пренесуваат словенечките медиуми.

Спрема податоците на европската статистичка агенција, цените на станбените единици во еврозоната во вториот квартал останале на исто ниво како истиот период лани, но во ЕУ пораснале за 1,7%.

На квартално ниво, цените најмногу пораснале во Ирска 6,8%, Литванија 4,1%, Данска и Велика Британија по 3,9%. Најголем пад повторно е регистриран во Словенија од 2,6%, Романија 1,3% и Италија 0,5%.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top