Оваа есен топло време и поплави во Европа и на Балканот

Невообичаено топло време кое ќе потрае до ноември, прогнозираат светски метеоролози

 |  инфодеск  | 

По топлото лето голем дел од средна и источна Европа есента ќе биде пропратена и понатаму со повисоки температури од вообичаените.

Несекојдневното топло време на нашите подрачја ќе го има и за време на септември па сѐ до ноември, смета метеорологот на AccuWeather Alan Reppert, а тоа ќе предизвика обилни врнежи на дожд. Дождот ќе го има над Италија и јужен Балкан, каде ќе се задржи и по неколку дена.

Метеорологот Tyler Roys прогнозира дека југот на Балканот и Франција, Португалија и Италија ќе бидат на удар на активни поминувања на бури кои ќе предизвикаат обилни врнежи. Тоа ќе биде ризик за поедини подрачја во Италија и на Балканот кои и порано имаа проблеми со поплави.

“Најголем ризик од поплави ќе има околу Динаридите, на Апенинскиот полуостров и дури и околу јужните Алпи”, вели Roys.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top