Ericsson потврди дека спор интернет предизвикува стрес

Фрустрациите предизвикани од спор интернет воопшто не зачудуваат

 |  инфодеск  | 

Шведската компанија Ericsson спровела интерно истражување во кое ги тестирале реакциите на луѓето на спора интернет врска. Иако истражувањето било спроведено на примерок од само 30 испитаници, мнозинството експерти се сложува дека резултатите би биле исти ако примерокот би бил далеку поголем. Значи, во денешно време кога интернетот на многу луѓе не им е никаков луксуз, туку дел од хабитусот неопходен за работа, па дури и за нормален живот иако на многумина оваа констатација би им звучела претерано. Воглавно, Ericsson тестирал испитаници и заклучокот е дека спориот интернет предизвикува стрес.

Научниците кои биле вклучени во истражувањето бележеле активности на мозокот, срцето и пулсот кај испитаниците. Кај обичното доцнење на видео-стримингот од интернет, бројот на отчукувања на срцето се зголемувал за просечни 38%. Тоа се работело за симулиран “баферинг” во траење од 2 секунди, а кога тој интервал бил зголемен на 6 секунди, нивото на стрес забрзано растел, а потоа опаѓал за да на крајот реакцијата била – откажување.

Овие резултати се мал, но круцијален доказ дека спориот интернет предизвикува стрес. Веројатно, многумина ова ќе го кажат и без истражување.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top