Турција издаде потерница по поранешната фудбалска ѕвезда Хакан Шукур во рамките на истрагата за обидот за државен удар, објавија странските медиуми.
Турските власти го поврзуваат Хакан Шукур со Фејтулах Ѓулен кој се наоѓа во егзил во САД, а Турција го бара бидејќи го смета за одговорен за неуспешниот пуч на 15 јули.
Шукур (44), екс меѓународната фудбалска ѕвезда и икона во својата земја е обвинет дека е член на “вооружена терористичка група”, а притоа се мисли, вели агенцијата AFP, на организацијата на Ѓулен.
Медиумите додаваат дека потерницата е издадена и по неговиот татко Селмут Шукур.
Поранешниот фудбалер никогаш не ги криел симпатиите за Ѓулен, а ја напушти Турција минатата година и замина да живее во Калифорнија бидејќи за него беше отворена казнена постапка за навреди на сметка на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Шукур влезе во политика со Ердоган во 2011 година и беше избран за пратеник во 2011 година на листата на Партијата за правда и развој (АКР). Тој се раздели со Ердоган кога претседателот отвори војна со Ѓулен и на својот сојузник му стана “непријател” број еден.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град