Ердоган: Не ја почитувам одлуката на судот

„Нашите национални вредности се погазени“

 |  инфодеск  | 

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја критикувал одлуката на уставниот суд да ја укине забраната за пристап на Твитер кој самиот тој порано го наредил.

„Секако дека мораме да ја спроведеме одлуката на судот, но јас не ја почитувам таа одлука“, изјавил Ердоган за новинарите пред заминување на пат за Азејберџан.

„Нашите национални вредности се погазени“, оценил тој.

Највисоката турска институција оценила дека забраната за пристап на Твитер е неуставна и дека тоа е кршење на слободата на изразување.

Турската управа за телекомуникации го блокираше пристапот на Твитер ноќта од 20 до 21 март по налог на Ердоган кој беше бесен поради објавувањето на телефонски разговори каде се покажува неговата вмешаност во скандал со корупција.

Таа одлука предизвика лавина од незадоволства низ Турција и осуда дека турските власти се авторитарни.

И покрај блокадата, многу граѓани на Турција, вклучувајќи го и претседателот Абдула Ѓул, најдоа начин да ја заобиколат блокадата и да ја користат оваа социјална мрежа и покрај забраната.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top