Експлозиите во Кина забележани како земјотреси

Се верува дека се познати причините за експлозиите

 |  инфодеск  | 

Експлозиите во кинескиот град Tianjin биле толку силни што инструментите ги забележале како земјотреси. Официјален претставник на кинеската сеизмолошка управа за BBC рекол дека научниците се шокирани со силината на експлозијата. Спрема неговите зборови тресењето на почвата како последица на првата експлозија одговара на детонација од 3 тони TNT, а втората била дури 7 пати посилна, како експлозија на 21 тон на тој експлозив.
Спрема експертите, првата експлозија е забележана како потрес со јачина од 2,3 а втората со 2,9 степени. Ударниот бран се почуствувал неколку километри од складот до кој дошла експлозијата.
И американскиот геолошки центар ја регистрирал експлозијата како потрес. Весникот Guardian го цитира американскиот геофизичар John Belini кој вели дека кај експлозии како оваа во Кина многу ретко се детектираат како сеизмички активности.
Кинеските спасувачи до денес од рушевините извлекле едно лице а властите се насочени кон истрагата во улогата на складираните запаливи хемиски материи во двете експлозии во пристанишниот град Tianjin во кој животот го загубија 50 лица и повредени се околу 700 од кои 71 тешко.
Експерти по безбедност сметаат дека гасењето на пожар, со вода, во склад во кои се наоѓаат хемиски супстанци, кои силно реагираат на контакт со вода би можело да се причината на ланчани експлозии бидејќи се создал експлозивен гас.
Се верува дека таму бил чуван калциев карбид кој во контакт со вода создава експлозивен ацетилен. Спрема државната Xinhua неколку контејнери веќе гореле пред експлозијата, а пожарникарите нив ги гаселе со вода.
Хемискиот експерт David Legget од Калифорнија изјавил за Reuters дека експлозијата на ацетилен би можела да запали амониев нитрат кој исто така бил во складот. “По мене присуството на амониев нитрат може да ја објасни силината на експлозијата”, рекол Legget.
Се верува дека првата експлозија е последица на поливање со вода на калциев карбид што создало експлозивен гас ацетилен, а втората и многу посилна експлозија е последица на палењето на амониев нитрат со ацетиленот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top