Истражувањето кое доведе до потврда дека компанијата прави измама, во два дена Volkswagen ja чинеше повеќе од 20 милијарди евра, а ќе ja чини веројатно многу повеќе со оглед на тоа дека ќе следуваат барања за отштета.
Во групата луѓе кои открија дека големиот и моќен Volkswagen ги лажел своите купци бил професор, двајца штотуку дипломирани студенти, истражувач од факултет и лидерот на тимот, инженерот Daniel Carder, директор на Универзитетскиот центар за алтернативни горива и мотори.
Carder во интервју за Reuters го изразил своето чудење на реакцијата на автомобилскиот џин и рекол дека тој и неговиот тим ова го истражување го започнале пред година и половина, а потоа ги објавиле резултатите.
“Кога ги видовме првите резултати бевме шокирани, се сомневавме во себе, се прашувавме каде сме згрешиле. Потоа се покажа дека сме биле во право и дека Volkswagen знаел за истрагата и за резултатите на кои самите присуствуваа на презенатцијата”, изјавил Carder.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град