Во тајната Х – лабораторија на Google некои од најдобрите инженери во светот работат на проекти кои во иднина би требало да нѝ ги сменат нашите животи, како автомобилот без возач, беспилотните летала за достава и проектот Ara кој би требало да го променат светот на смартфоните – наместо класичен смартфон, овие уреди се состојат од модули во кои се сместени поединечни компоненти (процесор, меморија, камера и слично). Така корисниците ако сакаат на пример подобар процесор ќе го заменат само модулот каде се наоѓа процесорот. Проектот Ara сеуште е во развоен процес и не е познато кога би се појавиле на пазарот.
Но, освен овие проекти, екипата од Google Х моментално работи уште на еден таен проект кој е базиран на составување на повеќе делови во една целина, а со овој проект во иднина би можел да се смени пазарот на телевизори. Имено, тие работат на екрани во различни облици и величини кои едноставно би се споиле во една целина и би формирале еден голем екран, а на Digital Trends тоа го споредиле со составување на лего коцки.
Повеќе детали за овој проект не се познати, а најголем проблем кој се обидуваат да го решат во Google е како да се спојат екраните во една целина без да се познаваат рабовите и рамките на модуларните екрани. Тие модуларни екрани воопшто нема да имаат класични рамки какви што се денешните, и ќе биде интересно да се види како ќе го решат ова инженерите на Google.
Со овој револуционерен проект корисниците не ќе мораат да купуваат нов телевизор кога би сакале поголем екран туку ќе купат модуларен екран и ќе го поврзат со постоечкиот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град