Ефектите на ЛЕД сијалиците можат да бидат поприродни

Најново откритие на германските научници

 |  инфодеск  | 

По повеќемесечно тестирање, германските научници, го потврдиле најновото откритие. ЛЕД сијалиците можат подобро и поприродно да го осветлат просторот, благодарение на новиот материјал. Иако не звучат револуционерно, сознанијата на германските научници најавуваат далеку поголема енергетска придобивка и поприродно осветлување на просторот.

Wolfgang Schnick не е голем познавач за осветлување и не посебно го интересирале сијалиците, но со време овој хемичар почнал да обрнува внимание на квалитетот на светлото и сијалиците кои вообичаено ги купувал. Скоро секој потрошувач барем еднаш искусил проблем на препознавање на боја во продавница. Навистина, нешто што во некоја продавница делува како црно, на дневна светлина може да испадне да е темно плаво. Затоа професорот Schnik одлучил да собере неколку научници од универзитетот Ludwig-Maximilians-Universitat во Минхен за да побараат решение кое на потрошувачите оваа појава ќе им ја олесни.

Не им требало многу време, за да утврдат дека луминофорот (хемиско спојување) кој овозможува постапка на луминисценција и осветлување на просторот е со недоволен ефект. Затоа започнале истражување а тоа наговестува решавање на проблемот. Тие дошле до заклучок дека материјалот кој овозможува работење на ЛЕД (светлечки) диодите во сијалиците e можно е да се унапреди до таа мерка што на пазарот би дошло до револуционерни промени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top