Во една ноќ прокоцкала два милиони фунти

Сега виновни и биле други

 |  инфодеск  | 

Вработените во казиното во познатиот Ritz, како што тврди и самата таа, ја охрабрувале да продолжи со коцкањето иако знаеле дека таа е зависна.

Милионерка и зависничка од коцкање, 50 годишната Nora Al-Daher изгубила два милиона фунти во казино за само една ноќ, па потоа одлучила да го тужи лондонскиот Ritz каде е сместено казиното.

Само неколку часа и биле потребни да остане без еден милион. Жената на богат омански политичар картите не и донеле среќа, а сега за загубата го обвинува казиното. Таа тврди дека вработените морале да ја запрат во играњето. Биле свесни дека таа има проблеми со коцкањето но сепак стоеле покрај неа и ја храбреле да продолжи да игра.

“Таа вечер ми требаше некој кој ќе ми каже да престанам да играм и кој ќе ме вразуми”, рекла на судењето и додала дека би запрела во истиот момент ако некој тоа и го кажал.

Во судот е кажано и дека Al-Daher веќе претрпела значајни загуби во други коцкарници пред да дојде во Ritz. Сама рекла дека не сака да игра, а само неколку часа потоа била посиромашна за два милиони фунти.

Казиното ги негира обвиненијата и тврди дека немало притисоци, а ја тужат Al-Daher поради еден милион долари која не им ги исплатила.

Сопругата на супер богатиот омански министер за надворешни работи е свесна за својата зависност од 1999 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top