Еден човек може да ја заврши граѓанската војна во Сирија?

“Само еден телефонски разговор е доволен да се заврши војната во Сирија”

 |  инфодеск  | 

Претседателот на Русија, Владимир Путин, војната во Сирија би можел да ја заврши само со еден телефонски разговор, изјавил британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд, пишува Guardian.

“Еден човек на оваа планета кој може да ја заврши граѓанската војна во Сирија е Путин”, рекол Хамонд и ја повика Русија да заврши со воздушните напади на сириските востаници и неселективното бомбардирање на цивилните подрачја.

“Бараме од Русите да ги испочитуваат обврските спрема меѓународното право и резолуцијата на советот за безбедност при Обединетите нации спрема кои се обврзани”, порачал британскиот министер.

Тој исто така напоменал дека дали Асад ќе остане или ќе замине, зависи од тоа дали Русите се спремни да го искористат своето влијание за да го тргнат.

Да потсетиме, американскиот претседател Барак Обама го повика Путин и со него разговарал за состојбите во Сирија. Двајцата позитивно го оцениле договорот за прекин на непријателствата во Сирија постигнат на конференцијата во Минхен.

Решавањето на конфликтот во Сирија додатно е оптеретен поради турското гранатирање на подрачјето кое го контролираат Курдите и праќањето на саудиски борбени авиони во турската база, а Русија се противи на можна копнена интервенција на Анкара и Ријад.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top