Прв пат во својата историја, поставиле жена како член на управен одбор на Хонда и еден странец за оперативен директор на компанијата. Како што се наведува во соопштението на Хонда, во управниот одбор на компанијата ќе се придружи технолошкиот експерт Хидеко Куни (66), а Бразилецот со јапонско потекло Исао Мицогучи, кој веќе 30 години раководи со работењето на Хонда во Јужна Америка, е именуван за нов оперативен директор на компанијата, пренесува AP.
Јапонската компанија се најде под критики дека промовираат само јапонски државјани, и ова е за прв пат да се направат два преседани истовремено во таа компанија.
Поставување на жени на лидерски позиции во компаниите е еден од столбовите на политиката на јапонскиот премиер Шинзо Абе за оживување на ослабената економија на Јапонија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град