Дубаи со новиот потез повторно го засени светот

Познат по својот луксуз, отидоа уште еден чекор понатаму

 |  инфодеск  | 

Луѓето се расфрлаат и даваат скоро милион фунти за да живеат под морето во Дубаи каде се градат 42 вили кои се оддалечени околу 4 километри од брегот на Дубаи.

Апартмани од 158 квадратни метри се на пазарот на најлуксузни недвижнини, а чинат околу 894.000 фунти.

Во продажба има само неколку додека другите се продадени и пред да бидат завршени.

Секоја вила ќе има три спрата, а нив ќе ги карактеризира големата висина за да овозможат величенствен поглед на спектакуларниот морски свет.

Кујна, дневна соба и купатило ќе имаат на долниот кат под нивото на морето. На вториот кат, кој е исто така под вода, ќе се наоѓа спалната соба и уште едно купатило.

На најгорниот кат се наоѓа тераса од која ќе е овозможен поглед преку целиот океан.

Директорот за развој на овој проект кој се простира на шест европско-тематски острови, го изјавил следното: “Нема да бидат изградени на земја. Тие ќе се изградат на суви пристаништа, а потоа ќе се сместат во вода каде и припаѓаат. Мислам дека првата ќе стапне во вода до крајот на 2016 година”.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top