Членовите на американскиот екипаж се евакуирани од меѓународната вселенска станица,која е составена од два сектори од кои еден руски и еден американски, откако во нивниот оддел дошло до истекување на штетни гасови.
Се претпоставува дека се работи за амонијак од системот за ладење, а поради истекувањето се активирале алармите. Истовремено дошло и до зголемување на притисокот во кабината.
Американските астронаути се преместени во руско одделение, јавуваат руските агенции а пренесува SkyNews.
Шесточлениот екипаж на станицата се тројца Руси, двајца Американци и еден Италијанец и не се во животна опасност.
Мисијата за евакуација била координирана помеѓу експерти од Москва и Хјустон работејќи заеднички при спасувањето на астронаутите
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град