Доналд Трамп обвинува за сериозни изборни измами

Престојува ново пребројување на гласовите во некои држави

 |  инфодеск  | 

Повторното пребројување на гласовите во дел од американските сојузни држави, според Трамп, е само беспотребно трошење пари и истовремено обвинува за „изборна измама“ со која Клинтон наводно добила милиони гласови.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја стави под знак прашање регуларноста на претседателските избори, тврдејќи на Твитер дека милиони луѓе на изборите „илегално“ го дале својот глас. Трамп зборува за „сериозна изборна измама“ во сојузните држави Вирџинија, Њу Хемпшир и Калифорнија, каде победи неговата противничка Хилари Клинтон. Тој сепак не наведува можни докази за своите тврдења.

Со тоа новоизбраниот претседател реагира на претстојното ново пребројување на гласовите во Висконсин, каде Клинтон беше поразена со тесен резултат. Барањето за ново пребројување го достави кандидатката на Зелените на изборите, Џил Стаин. Таа бара ново пребројување и во Пенсилванија и Мичиген. Стаин собра пари за ново пребројување на гласовите во трите сојузни држави откако некои ИТ-експерти утврдија „статистички аномалии“, а тимот на Клинтон му дава поддршка на барањето.

Трамп ваквата иницијатива ја оцени како трошење време и пари. Нејасно е каква цел следи Трамп со тоа што сега самиот ја става под прашање регуларноста на изборите.

Американската влада соопшти дека нема знаци за нерегуларности на изборите, а според експертите единствен начин да се расчистат работите е гласовите да се пребројат одново.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top