Долги затворски казни за користење Фејсбук

Осудени од 7 до 20 години затвор

 |  инфодеск  | 

Судот осудил осум лица на затворски казни од 7 до 20 години затвор за повеќе кривични дела меѓу кои е и антирежимската пропаганда во Иран на Фејсбук, објавил денес опозицискиот ирански Калеме.

Калеме, кој не го навел изворот на објавениот извештај, напишал дека осум корисници на Фејсбук минатата недела се осудени на вкупно 123 години затвор.

Тие се обвинети за “навреда на врховниот водач (ајатолахот Али Хамнеј) и иранските власти, активности против режимот и ширење лаги”, објавил Калеме.

За сега нема официјална потврда на судската пресуда и не беше можно да се провери извештајот објавен на опозициската интернет страница, наведува AFP.

Пристапот на Фејсбук и на други интернет страници за кои иранските власти сметаат дека се неисламски, неморални или дека го поткопуваат исламскиот поредок, се ограничени со помош на механизмот на масовно филтрирање.

Но, Иранците, кои се разбираат во технологијата, применуваат мерки кои се викаат антифилтери за да ги заобиколат ограничувањата.

Спрема тврдењата на Калеме, меѓу осумте осудени е и една Британка родена во Ирак.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top