Доброто старо Фиќо слави 60-ти роденден

Фиќо оваа година се стекна со вредноста како историско возило

 |  инфодеск  | 

Ова е возило, се сложуваат сите од сите краишта на екс Југославија, кое ја моторизира некогашната држава. Производството започнало на 18 октомври 1955 година и траело полни 30 години и 10 месеци – последното Фиќо производната лента ја напушти на 18 ноември 1985 година.

Мирослав Милутиновиќ, член на здружението на историчари на автомобилизмот во Белград, за Al Jazeera се присетил за своите први средби со Фиќо.

“Јас сум роден во 1952 година и одлично се сеќавам на Фиќо, на кое во Сараево полагав возачки испит во 1970 година. Исто така, сум поседувал неколку фиќовци, а последниот во 1992 година, а го возев и на една трка за шампионат на Југославија”, истакнал Милутиновиќ.

Скоро еден милион примероци на овој градски автомобил се направени во Југославија по лиценца на Фиат и неговиот модел 600 .

“За време од три децении, од 1955 до 1985 година, Фиќо е направен во приближно 923.000 примероци и претставува второ најпроизведувано возило во поранешна Југославија. Застава 101 е направена во околу 1,2 милиони примероци, но за подолг период од 1971 до 2008 година”, наведува Милутиновиќ.

Искуствата на сите сопственици се скоро исти: Фиќо беше едноставно и веродостојно возило, на кое скоро секој сопственик можеше да врши тековни одржувања.

Производството на Фиќо престана во 1985 година, но не поради мала побарувачка туку поради лимитираните производни капацитети на фабриката. Фабриката во тоа време имала големи извозни планови во рамките на Југо Америка па така Фиќо беше жртвуван да го отстапи местото на производната лента во корист на современиот Југо.

Она што е интересно е дека и најмладите фиќовци од 1985 година, токму оваа година се стекнаа да бидат вреднувани како историски возила спрема пристапните услови на FIVA (30 години).

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top