Добил отказ поради порака до шефицата

Не можел да се воздржи и напишал порака

 |  инфодеск  | 

Колку и да сте лути на својот шеф, морате да имате на ум какви последици може да има ако му кажете се што сте мислеле.

Вработен на бензиска пумпа во Мичиген не можел да се воздржи и на својата шефица и одржал лекција. Имено, на вработениот Џо му завршила смената, а за да можел да си оди дома морал да ја причека својата шефица за да го затвори работниот ден. Џо ја чекал повеќе од еден час и решил да заклучи, оставил порака за шефицата и заминал.

Еве што и напишал:  – Еј, шефице, научи се да доаѓаш на време или барем јави се ако доцниш. Доцнење од повеќе од еден час е повеќе од неприфатливо. Како што можеш да приметиш вратата е заклучена. Отидов дома. Отпушти ме ако мораш, но имај на ум дека отидов поради твојата немарност. По ова пораката е објавена на социјалната мрежа Reddit и молњевито е раширена понатаму.

Менаџерката подоцна изјавила дека не и ѕвонел алармот и пристигнала час и половина подоцна. Како што раскажала, вработениот од третата смена не се јавил воопшто кај неа ниту на некој од колегите, туку само заклучил и заминал. Како што јавува CNN, Џо сепак добил отказ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top