Џихадистите на Исламската држава во јавност пуштија бизарни фотографии во обид да привлечат муслимани во џихад. Целта на оваа серија од фотографии е да се прикаже како добро се живее во саопрогласениот калифат.
Така на фотографиите свое место си нашле пазарите кои се преполни со шарени артикли, штандови со играчки, парфеми, овошје и зеленчук, пекарски производи…На некои од фотографиите се нашле и некои западни деликатеси како што е пицата, хамбургерот и газираните сокови.
Фотографиите се пропратени со слоганот “wish you were here” или во превод “би сакал да си овде”.
Џихадистите на сите начини се обидуваат да ги доведат младите во калифатот, а ова е само една од методите со кои Исламската држава се обидува да се прикаже како место каде тече мед и млеко.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град