Директорот на Google го обори рекордот на Felix Baumgartner

Лудо паѓање низ сите слоеви на атмосферата

 |  инфодеск  | 

Alan Eustace, еден од главните извршни директори на Google  во потполна тајност скокнал од работ на вселената и го обори рекордот на Felix Baumgartner поставен пред две години, пишува британскиот Telegraph.

57-годишниот Eustace скокнал од 41.842 метри, а својата небеска авантура ја започнал од напуштениот аеродром во Њу Мексико.

Откако му требале 2 часа да се искачи на висина од 41.000 метри, се спуштал кон Земјата со брзина од 1.287 километри на час во слободен пад кој траел 4,5 минути.

За разлика од Baumgartner, Eustace сам го финансирал проектот, а се претпоставува дека и тој го пробил звучниот ѕид. По доскокот, директорот на Google изјавил дека во лудата вожња ја видел темнината на вселената и сите слоеви на атмосферата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top