World Post овозможува увид во изненадувачкото минато на рускиот лидер.
1. Владимир Путин израснал во Санкт Петерсбург, во стан кои го споделувале три фамилии. Во една прилика изјавил дека се сеќава како бркал стаорци по скалите.
2. Дедо му бил кувар во вилата на Ленин, а подоцна повеќе пати готвел и за Сталин.
3. Црниот појас во џудо го стекнал од 18 години, а тренира боречки вештини и ден денес, кои за него претставуваат животна филозофија.
4. Со уживање чита шпиунски романи, а во една прилика приметил дека „најмногу од се го фасцинира кога еден човек сам со својот труд успева да постигне она што не можела цела армија“.
5. По завршувањето на факултетот пристапил на советските служби за безбедност и на разузнувачката КГБ, а осумдесетите години на минатиот век ги провел во помагање на советската тајна полиција за регрутирање на агенти за шпиунирање на Западот.
6. Путин ги сака своите кучиња и ги носи со себе на своите политички преговори. Негови колеги од други земји изјавиле дека од некои од нив имаат страв.
7. Течно зборува германски јазик, но со англискиот не се снаоѓа најдобро.
8. Путин и неговата сопруга објавиле дека се разведуваат во 2013 година на паузата од една балетска претстава.
9. Има две ќерки, но нивните животи се чуваат во тајност. Завршиле факултети под други имиња и не е познато каде се и со што се занимаваат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град