Американското министерство за правда истражува тргување вредно една милијарда евра кое Deutsche Bank го спроведувала во име на своите руски клиенти, поради перење на пари, пишува агенцијата Bloomberg, повикувајќи се на лица запознати со случајот.
Истрагата ги опфаќа таканаречените “mirror” тргувања со кои руските клиенти на германската банка купувале акции плаќајќи во руска валута и истовремено во Лондон ги купувале истите тие акции во американски долари. Со тоа тие ги изнесувале парите од Русија без да ги информираат властите, пишува Bloomberg.
Минатиот месец бирото за финансии во сојузната држава NewYork (DFS) побарало од Deutsche Bank детални информации за можно перење на пари од некои нивни клиенти од Русија, а кои би можеле да ја надминат цифрата од 6 милијарди долари, рекол изворот кој е запознат со ситуацијата за Reuters.
Во Deutsche Bank не сакале ништо да коментираат во врска со оваа ситуација.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град