Објавени детали за iphone6

Aplle во текот на оваа година со два модела

 |  инфодеск  | 

Во последниот квартал на минатата година Apple продал повеќе од 50 милиони апарати, а некои аналитичари веруваат дека бројката би била многу поголема ако компанијата имаше во понудата модели со екрани поголеми од 4 инчи. Тим Кук е свесен дека, кога е во прашање дијагоналата на екранот, заостануваат зад конкуренцијата затоа што денес на пазарот владеат моделите со 4,7 и 5 инчи, додека сѐ популарни стануваат и фаблетите, хибриди помеѓу паметните телефони и таблетите со екрани од 5.5 инчи.

Apple оваа година ќе ја заостри конкуренцијата на пазарот со претставување на два нови модели на iphone. Во текот на 2014-та се очекува iphone со 4,7 или 4,8 инчи и фаблет со 5,5 инчи екран. Екранот на помалиот iphone ќе има Full HD резолуција, додека екранот од фаблетот ќе има 2,272 Х 1,280 пиксели. Новите модели на iphone ќе бидат во 4 верзии со 16, 32, 64 и 128GB меморија, ќе имаат 2GB RAM и 8МР камера на која се очекува подобрување во однос на моменталната која ја има во моделот 5Ѕ.

iphone6 и фаблетот (сеуште не е познато името на овој модел) ќе работат на А8 64-битен процесор, а интересно е тоа дека овие мобилни уреди ќе работат на верзијата  7,2 Apple мобилен оперативен систем, а не на IOS8. Со оглед дека датумот на претставувањето се најавува во вториот или третиот квартал, тоа значи дека Apple ќе ги претстави порано од очекувањата.

Последните години новите модели на iphone се претставуваа во септември, но постои можност овие два модела да се претстават и порано а на септемвриската конференција може да се очекува Тим Кук да го промовира толку спомнуваниот iWatch.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top