Неверство, непочитување, престанок на љубов – сѐ се тоа оправдани и разбирливи причини за барање на развод, но некои луѓе брачната заедница ја прекинуваат од чудни и неразбирливи причини. Тешко е за верување дека во официјалното барање за развод луѓето ги прикажале овие причини, но ова се десетте најчудни причини поради кои луѓето побарале прекин на бракот.
-Алергичност на сопругата – Знаеме за алергии на полен, одредена храна, материјали, но дека присутност на друга личност може да предизвика алергична реакција тешко е да се поверува. Но, токму таа причина, еден маж во официјалните документи за развод, ја навел за развод. Судијата, секако, таа причина не ја прифатил.
-Предобар сопруг – Една Египќанка сакала да се разведе од сопругот бидејќи бил предобар и претерано верен. Во судот истакнала дека за време на бракот многу се сменил, престанал да пуши, престанал да излегува и неговото однесување ја чинело депресивна и несреќна. Успеале да се разведат откако сите обиди за помирување пропаднале.
-Зависност од серии – На еден сопруг му досадило што неговата сопруга по цели денови гледала сапуници. Ги занемарила домашните работи и децата. Сметал дека е тоа легитимна причина за развод.
-Зависност од чистење – На една Германка му досадила опсесијата на сопругот за чистење. Го трпела таков 15 години, а капката во чашата се прелила кога го урнал валканиот ѕид во куќата и повторно го изградил.
-Нема повеќе желба да се биде во брак – На некои луѓе им досадува да се трудат да останат во брак и сакаат да пробаат живот во кој нема да има потреба од прилагодување на друго лице и одрекување поради другото лице.
-Хранел кучиња бездомници – Пензионерка од Романија не можела да поднесе повеќе нејзиниот сопруг да троши пари за храна на кучиња бездомници. Тоа е племенит чин, но на жената едноставно ѝ пречело што мажот троши пари за тоа. Се развеле по 50 години брак.
-Сите пријатели се разведени – Ова се нарекува подведување. Некому пријателите му се поважни од брачниот партнер, па откако пријателите им се развеле не гледале смисол и тие да останат заедно. Со прекинувањето на дружбата во парови дошол крајот и на нивната брачна заедница.
-Прегласно јаде – Прегласното џвакање на партнерот некого до толку го излудувало што не можел повеќе тоа да го трпи. Партнерот не сакал да го намали уживањето во храната и се чини дека единственото решение било прекин на бракот.
-Не му се допаѓал филмот “Frozen”– Филмот “Frozen” беше огромен хит, а една жена била до толку опседната со филмот што не можела да разбере како може филмот да не му се допаѓа на сопругот. Сметала дека поради тоа нешто не е во ред со него.
-Погрешен статус на Facebook– Facebook игра значајна улога во дури 20% од разводите. Тоа било случај и кај брачен пар кој се развел поради тоа што сопругот не го променил љубовниот статус во “во брак”. Жената сметала дека неколку месеци било доволно време тоа тој да го направи.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град