Пред денешниот самит на ЕУ сите очи вперени кон Турција

Дали Турција ќе ги прифати условите од ЕУ за запирање на мигрантската криза?

 |  инфодеск  | 

Денес во Брисел се одржува вонреден самит на лидерите на Европската унија и лидерите на Турција посветен на мигрантската криза.

Европската унија ѝ вети на Турција 3 милијарди евра за да обезбеди сместување за мигрантите и чекор по чекор да го запре нивниот прилив кон Европа.

Пред самитот германската канцеларка Ангела Меркел и холандскиот премиер Марк Рут се сретнаа со турскиот премиер Ахмет Даватоглу во турската амбасада во Брисел. Се очекува дека членките на Унијата ќе бараат од Турција да прими назад илјадници мигранти кои немаат услови за азил во надеж дека така ќе се затвори балканската рута.

Минатата седмица, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дал до знаење дека неговата земја е спремна да ги земе назад сите мигранти кои се фатени во турските води.

Повеќе од 2000 мигранти секојдневно пристигнуваат во Грција и Турција во надеж дека својот пат ќе го продолжат кон северните делови на Европа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top