Остатоците на авионот за кој се верува дека припаѓаат на Боингот 777, а можеби е тоа летот МН370 пристигнаа во Франција каде истражителите со помош на софистицирана технологија ќе се обидат да ја решат мистеријата која трае една и половина година.
Остатоците за кои истражителите се уверени дека се дел од Боингот 777 се откриени оваа седмица на остров во Индискиот океан.
Работата на остатоците ќе започне кон средината на неделата и не пред да се сретнат францускиот истражен судија со малезиските правосудни тела и истражители.
Преелиминарното соопштение би можело да биде објавено веќе идната недела, рекол извор близок за CNN. Соопштението нема да даде точен редослед на случувањата, но ќе елиминира некои сценарија.
Доколку се потврди дека остатоците припаѓаат на кобниот лет, тоа ќе биде прв физички доказ за летот МН370 кој би помогнал во решавањето на некои прашања за судбината на авионот, но многу прашања ќе останат неодговорени и понатаму.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град