Dell го претстави најтенкиот таблет на светот

Таблет со инпресивни можности

 |  инфодеск  | 

Во време кога сите очи беа вперени во новите производи на Apple, Dell го претстави новиот таблет, воедно и најтенок на светот со инпресивни можности.

Dell буквално го пропушти пазарот на таблети, но малку помалку се враќа на правиот пат, поточно речено, од моментот кога Michael Dell ја превзема повторно и ја приватизира компанијата. На собирот на девелопери на Intel во Сан Франциско, Dell го претстави Venue 8 7840 уред со екран од 8,4 инчи и со резолуција од 2560х1600 OLED и воедно е најдобриот екран на пазарот на таблети.

Уредот доаѓа со Андроид 4.4 оперативен систем, процесор со брзина од 2.33GHz Intel Atom, WiFi и 32 GB меморија која може да се прошири со помош на micro SD картичка. Полнењето е преку micro USB картичка. Цената засега не е позната.

Она по што е посебен овој таблет е тоа што користи RalSence технологија на Intel која накратко може да се опише со фотографското решение со кое се прави длабочинска карта на висока резолуција која овозможува мерење, промена на фокусот и примена на селективни филтри со едноставен допир со прстот. Овозможува нови карактеристики и нов начин на користење на таблетот и отвора нови хоризонти за развојните инженери и поттикнува создавање на нови апликации кои ќе ја сменат интеракцијата накорисникот и фотографијата.

На крај може да се каже дека Dell полека се враќа на голема врата, иако малку заостанува зад конкуренцијата, и компанијата полека застанува рамо до рамо со моментално водечките Samsung, Sony и Apple. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top